…Дочекот на Стара нова година – Василица е нешто по што хотел „Силекс“ – Охрид е препознатлив. Негувањето на традицијата е наша обврска и чест, па иако оваа година не можеме да прославиме во духот на празникот, Ви испраќаме желби за добро здравје и просперитет во годината што ни претстои, со надеж до година да прославиме сите заедно во нашиот хотел, живи, здрави, многубројни…
Оваа честитка утрово ни ја испратија од реномираниот хотел „Силекс“ кој секоја година на 13 Јануари е организатор на прославата по повод Василица, кога се прославува дочекот на стара нова година. Прославата изобилува со традиционални елементи кои во ова денешно модерно време во кое живееме, не потсетуваат на старите семејни вредности кога луѓето од се срце се радувале на празниците.


Точно на полноќ кога се дочекува новото лето Господово, гостите излегуваат кај отворениот базен покрај василичарскиот оган да го заиграат василичарското оро во изведба на оркестри од зурли и тапани.
Овој угостителски објект е пример за спој помеѓу модерното и традиционалното успешно, креирајќи автентичен туристички производ по кој не само хотелот туку е препознатлива и дестинацијата на која и припаѓа. Во продолжение уживајте во видеото од уникатниот дочек на Василица во хотел „Силекс“.
За многу години!
OhridNews















