Министерството за образование денес го објави конкурсот за запишување студенти во прва година на јавните високообразовни установи за студиската 2014/2015 година.

Според конкурсот, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, за четиригодишно образование, во насоката Туризам, како редовни студенти во државна квота може да се запишат 40, редовни со кофинансирање 10 и вонредни 10 студенти. Насока Осигурување: редовни во државна квота слободни места има 20, редовни со кофинансирање 10. На Царина и шпедиција: редовни во државна квота слободни места има 10, а редовни со кофинансирање 5. За тригодишни универзитетски студии, на насоката Гастрономија, исхрана и диететика редовни во државна квота можат да се запишат 30 студенти, редовни со кофинансирање 10 и вонредни 10. Насока Хотелско- ресторантски менаџмент, редовни во државна квота има слободни места 20, со кофинансирање 10.

На УИНТ „Св. Апостол Павле“ во студиската 2014/2015 година, редовни во државна квота  има вкупно слободни места 220, со кофинансирање 110 и вонредни 110.

Од нив, на Факултетот за компјутерски науки и инженерство редовни студенти може да се запишат 40, со кофинансирање 20 и вонредни 20. На Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност за редовни студенти има слободни места 40, со кофинансирање 20 и вонредни 20. На Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика за запишување на редовни студенти во државна квота слободни места има 60, со кофинансирање 30 и вонредни 30. На Факултетот за информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника како редовни студенти може да се запишат 40, со кофинансирање 20 и вонредни 20.  

OhridNews