Организаторите на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ го објавија наградниот фонд за овогодинешното издание, кое традиционално се организира по повод верскиот празник Св. Петка.

Победничката екипа ќе освои 120.000 денари, второпласираната 60.000 денари, третото место носи награда од 30.000 денари, додека за четвртопласираната екипа се предвидени 10.000 денари.

Покрај екипните награди, ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч и најдобар голман на турнирот.

Пријавувањето на екипите е во тек, а котизацијата за учество изнесува 4.000 денари.

За дополнителни информации и пријавување заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 070 364 617 – Димитар.

Турнирот е поддржан од Општина Охрид, а медиумски партнер е OhridNews.

Г.М.