Во организација на Охридското социјално друштво “Св.Наум Охридски” од Мелбурн, Австралија, од 25 мај до 8 јули ќе се одржат серија концерти на познати естрадни уметници од Македонија, меѓу кои и од Охрид.

На австралиска турнеја наречена “Македонска фолк фаланга” ќе настапат извонредниот вокал Наум Петрески, виолионистот Џевад Рамаданоски и пеачот Милован Секулоски, двајцата од Охрид, хармоникашот Круме Милески, маестрото на изворни инструменти Стевче Стојковски, пеачката Оливера Коцева, клавијатуристот Илија Тотовски Тота, и локални музичари Круме Милевски и Живко Ѓоргиевски од Мелбурн.

Дел од овие музички уметници предводени од Наум Петрески беа на турнеја низ Австралија и минатата година. Нивните концерти беа целосно распродадени, а организаторот очекува тоа да се повтори и оваа година.

OhridNews