На 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“ синоќа беа одиграни три натпревари од групната фаза, по кои се наѕира костурот од елиминациската фаза.
Во групата Г, Оровник славеше над Дебрца Експрес со 1:0 и обезбеди пласман во нокаут фазата. Во групата Е, Гранит Х во ефикасен натпревар го совлада Кибо Пласт со 3:2 и стигна до максимален учинот во групата, додека Кафе бар Коко беше убедлив против Томе Електрик, триумфирајќи со 6:0 во средба од групата Б, со ш следната фаза од турниротто обезбеди пласман во.

Од 21:30 часот, во првиот осминафинален натпревар, ќе се сретнат БЗ Груп Струга и Аце Најдески, а во 22:30 часот следува вториот дуел од оваа фаза, во кој Хотел и Спа Инекс Олгица ќе игра против Кафе бар Слобода Кичево.
OhridNews











