Комплетиран е полуфиналниот состав на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“, по синоќешните преостанати два четвртфинални натпревари.
Хотел и спа Инекс Олгица обезбеди убедлив пласман меѓу четирите најдобри екипи, откако со 6:0 го совлада Охридски Бисер Филеви. Во вториот дуел, Др. Баткоски беше подобар од Сатеска со 5:0 и со сигурна победа го завери полуфиналното место.
Полуфиналните натпревари се играат вечерва. Од 21 часот, АСП ПАК ќе се сретне со Златара Бени Ерол, а од 22 часот ќе играат Хотел и спа Инекс Олгица и Др. Баткоски.
OhridNews











