Заврши групната фаза на Светското првенство во фудбал 2026, по драматичните натпревари одиграни ноќеска, по кои беа комплетирани сите учесници во шеснаесетфиналето.

Англија ја потврди првата позиција во групата Л со победа од 2:0 над Панама, Хрватска ја совлада Гана со 2:1 и како второпласирана продолжува понатаму. Во групата К, Колумбија и Португалија одиграа без голови (0:0), резултат што им одговараше на двете селекции, додека ДР Конго со победата од 3:1 над Узбекистан за првпат во историјата избори пласман во нокаут фазата на Светско првенство.

Со завршувањето на групната фаза се комплетираше и листата на осумте најдобри третопласирани репрезентации. Надвор од елиминациите останаа Иран, Јужна Кореја, Шкотска и Уругвај, а последниот ден од групната фаза уште еднаш покажа колку новиот формат носи неизвесност до самиот крај.

Елиминациската фаза започнува денеска со првиот натпревар од шеснаесетфиналето, во кој Канада ќе се соочи со Јужноафриканската Република. Победникот ќе обезбеди место меѓу најдобрите 16 селекции на шампионатот.

Светското првенство продолжува со директни елиминации, а секој следен натпревар ќе биде решавачки во битката за титулата светски шампион.

OhridNews