Осум екипи од седум земји ќе земат учество на 46-от меѓународен ракометен турнир Струга 2018 кој ќе се игра на теренот „Женска плажа“ од 15 до 19 август.

Македонската ракометна чест ќе ја бранат Еурофарм Работник и домаќинот Струга, додека другите екипи се Целје (Словенија), Бешикташ (Турција), Тулуз (Франција), Железничар (Србија), Констанца (Романија) и шведскиот Алингсас.

Натпреварите ќе се играат на отворено на теренот „Женска плажа“ во систем секој со секого, а првиот од групата обезбедува пласман во финалето. Шлагот на тортата оваа година на турнирот во Струга ќе биде меч од Супер купот на Македонија во кој ќе се судрат скопските ривали Вардар и Металург.

Групите:

Група 1: Целје (Словенија), Бешикташ (Турција), Тулуз (Франција), Еурофарм Работник (Македонија)

Група 2: Железничар (Србија), Констанца (Романија), Алингсас (Шведска), Струга (Македонија).

Распоред:

15 август: Железничар – Струга (17:30ч), Констанца – Алингсас (19:15ч), Целје – Еурофарм Работник (21ч).

16 август: Бешикташ – Еурофарм Работник (17:30ч), Железничар – Алингсас (19:15ч), Целје – Тулуз (21ч).

17 август: Струга – Алингас (17:30ч), Железничар – Констанца (19:15ч), Тулуз – Бешикташ (21ч)

18 август: Струга – Констанца (10ч), Еурофарм Работник – Тулуз (17:30ч), Целје – Бешикташ (19:15ч), Вардар – Металург (21ч).

19 август: Меч за седмо место (10ч), меч за петто место (17:30ч), меч за трето место (19:15), финале (21ч).

OhridNews