Автор на поемата „Клучевите“, добитник на престижната награда „Григор Прличев“, е доц. Д-р Гордана Стојаноска.

Стојаноска е родена во Битола. Магистрирала на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, УКИМ – Скопје, каде што и докторирала. Работи како доцент на Педагошки факултет-Битола на група социолошки предмети. Претседател е на Универзитетскот литературен клуб Дениција ПФБТ УКЛО. Напишала голем број на стручни и научни трудови, а се занимава и со пишување на поезија и проза.

По објавениот конкурс за наградата „Григор Прличев“, комисијата разгледуваше 13 ракописи. Во потесен избор беа разгледани три поеми: Клучевите (шифра: Таурус), Будењето на Крали Марко (шифра: Ѕевгар) и Ветровите од Запад (шифра: Носталгија). Поемата Клучевите меѓу трите вонредно успешни поеми беше избрана како најдобра со два гласа поради иновативниот тематски заграб, суптилноста во приодот кон темата на духовното будење и отворање кон светот, односно кон акцијата и ангажираноста во светот.

OhridNews