Пратеникот и претседател на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски, поднесе оставка на пратеничката функција, јавува Телма.

Од говорница на денешната седница на Комисијата кажа дека оставката ќе биде активирана по пленарната собраниска седница на која треба да му биде одземен пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Оставката, како што рече, ја поднесува од морални и етички причини.

Ваквиот чекор на Богоевски следува по реакциите во јавноста за објавената аудио снимка со негов разговор, пренесува Телма.