Пратеникот на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Алија Камбероски, е рекордер според исплатени патни трошоци во Собранието за 2017 година, објавува „Макфакс“. Тој од март до ноември лани за само девет месеци од Собранието добил 12.847 евра за патни трошоци. Ова значи дека во просек, само за патот до Собранието и назад, месечно добивал дополнително по 1.427 евра.

Топ-20 пратеници кои најмногу трошеле за патот до Собранието и назад. изгледа вака:


Пратеници-патни трошоци 

Во топ-20 пратеници, според патните трошоци, освен рекордерот од ПЕИ, Алија Камбероски, кој потекнува од Струга, на второ место е пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска која потекнува од Битола, која за овие девет месеци добила 11.736 евра, а на трето место е Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, која зела 11.435 евра.

Веднаш по неа се наоѓаат пратениците Сурија Рашиди од „Алијансата за Албанците“, кој потекнува од Струга, со 11.164 евра, како и генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски со 11.065 евра.

Добро поминале и нивните колеги од СДСМ, Васко Ковачевски, Јован Митрески, Јагода Шахпаска, Жаклина Лазаревска, Бети Рабаџиевска-Наумовска, кои добиле приближно по 10 илјади евра за патни трошоци, како и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска, Драган Цуклев, Зоран Илиоски и Емилија Александрова, кои исто така зеле по нешто повеќе од 10 илјади евра.

Целата анализа прочитајте ја на следниот линк.

OhridNews
извор: „Макфакс“