
Чингоски информираше дека деновиве остварил средба со инспекциските служби во општината на која било договорено при склучувањето на договорите за користење на јавните површини и поставување на урбаната опрема стриктно да се почитува одлуката на советот, во спротивно да се применат санкциите и да се отстранува урбаната опрема од јавните површини онаму каде што таа не е поставена согласно одлуката.
„Факт е дека договорите за поставување урбана опрема сеуште не се потпишуваат од страна на угостителите, но деновиве беше дефиниран конечниот текст на договорите со сите одредби и сигурен сум дека од денеска ќе почне да функционира и таа одлука, во спротивно ќе бараме одговорност од општинската администрација за неспровесување на одлука“, рече Чингоски.
Ни гранишник ни ред
Истото се однесува и за одлуката за такси превоз, објаснува претседавачот на советот. „Ние го пролонгиравме почетокот на примена на таа одлука заклучно со 31.5, што беше последен рок за толерирање на такси превозниците и во однос на бојата на возилата и во однос на примените на другите одредби на одлуката за вршење такси превоз“, вели Чингоски. Од денеска инспекциските служби ќе вршат контрола, како и дали се применува одлуката во целост, додава Владо Чингоски.
во иднина такси возилата треба да се сино-бели
Според одлуката такси превозниците се обврзани возилата да ги бојадисаат во сино-бела комбинација, а услугите за превоз да ги наплаќаат строго според утврдената тарифа.
Г. Момироски














