И покрај студеното време, неколку илјади охриѓани и гости го наполнаа центарот на Охрид, кејот и градското пристаниште каде во осветените води на езерото се фрлаше светиот крст  .

Насекаде можеше да се забележат граѓани кои во весело расположение играа и го славеа големиот верски празник. Се точеше традиционалната топла ракија, се јадеше пача.

За здравје се полнеше од осветената  вода од езерото, а имаше и верници кои иако не скокаа по крстот, подоцна одлучија да се искапат за здравје и среќа.

Во црквите се палеа свеќи во чест на големиот празник, а членовите од тајфата на Јован Бабаче кој го фати светиот крст, од врата на врата ги посетуваа домовите, но и рестораните и кафулињата кои беа исполнети до последното место.

OhridNews