По повод празникот „Свети великомаченик Димитриј Солунски“ – Митровден, на 8 ноември, недела, во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка Маала, со почеток во 8.45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Со празничната литургија ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на Митровден.

OhridNews