На денот кога се празнува споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во храмот „Св. ап. Вартоломеј“, во с. Годивје, Дебрца, охридско, беше отслужена света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Покрај многубројниот верен народ, на светата Литургија присуствуваше и градоначалникот на Општина Дебрца, г. Златко Сиљаноски.

По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, информира Дебарско – кичевски.

Празникот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава одбележан во Дебрца

OhridNews