И годинава за празникот Богојавление -Водици нема да изостане крводарителската акција Што традиционално ја организира охридскиот Црвен крст.

Посетителите на манифестацијата својата хуманост можат да ја покажат в понеделник од 8 до 14 часот во паркот пред Рибниот ресторан.

И годинава акцијата се одвива под мотото “Имаш 5 минути?Дарувај крв, спаси некому живот” и во соработка со Службата за трансфузиологија при ОпШтата болница.

За хуманите граѓани се обезбедени и скромни подароци.

Во рамките на одбележувањето на празникот “Богојавление-Водици” Црвен крст-Охрид е вклучен во делот за безбедност на вода со активирање на 3 тима на спасители на вода и нуркачи кои Ќе се грижат за безбедноста на капачите при скокањето по светиот крст.

Исто така, на 18 јануари, в недела,  од 19 до 22 часот  и на 19 јануари, в понеделник од 08 до 09:30 часот на пунктот на Црвен крст пред Рибниот ресторан на располагање Ќе бидат две медицински екипи кои Ќе ги врШат потребните здравствени прегледи за сите кои планираат да се фрлаат по крстот.

Ohridnews