Пред 19 години не напушти “кошаркарскиот Моцарт“ (видео)
07.06.12 11:36
На денешен ден пред 19 години, во сообраќајна несреќа, животот го загуби еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, кошаркарскиот Моцарт – Дражен Петровиќ.
Несреќата се случи на авто-патот кај Денкендорф, во близина на Инголштад, кога возилото во кое покрај Петровиќ биле и неговата девојка, која управувала со автомобилот, Клара Слатни, и нејзината пријателка Хилал Ебедал, директну удрило во цестерна паркирана покрај патот.
Кошаркарскиот Моцарт кариерата ја започнал на 15-годишна возраст во Шибеник, со која играше двапати во финалето на Купот Радивој Кораќ, а освои и една титула во СФРЈ, која потоа административно и’ припадна на Босна. Од Шибеник се сели во Цибона, со која двапати стан европски првак.
Дражен во 1989 година се сели во Реал Мадрид, а со репрезентацијата на СФРЈ ја освои европската титула.
Една година подоцна замунува во НБА лигата, во Портланд, а со репрезентацијата го освои златниот медал на Светското првенство во Аргентина. Од Портланд заминува во Њу Џерси, во чиј дрес се стекна со статус на легенда.
На последниот натпревар во Њу Џерси, пред клубот да се пресели во Бруклин, му беше оддадена почит како на еден од кошаркарите кои оставиле длабока трага во историјата на клубот.
Петровиќ на крајот од својата втора НБА сезона, со репрезентацијата на Хрватска освои сребро на ОИ во Барслеона. Во финалето Хрватска беше поразена од оригиналниот „Дрим Тим“, предводен од Џордан, Меџик Џонсон и Лери Бирд.
Јелена Рибакина е нова шампионка на УС Опен Казахстанската тенисерка во големото финале во Њујорк ја совлада двократната бранителка на титулата Арина Сабаленка со 2:1 во сетови – 6:4, 5:7, 6:2 En l...
Еден од најголемите европски кошаркарски проекти во последните години доживува драматичен пад Францускиот шампион Монако, кој пред само една година играше во финалето на Евролигата, поради сериозни...
Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата вечерва ја пречекуваат екипата на Струга Подготвени сме, ќе го дадеме максимумот да ја постигнеме првата победа во оваа сезона во домашно...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.