По повод деновите посветени на превентива од срцево садовите заболувања, денес во просториите на општинскиот Црвен крст во периодот од 18.30 до 19. 30 ќе се одржи предавање за јогата- како превентива од модерните заболувања од денешното турбулентно темпо на живеење со многу стресни моменти , нередовна исхрана и слаба физичка активност.
Предавањето е од јавен карактер и наменето е за оние што немаат и што имаат практично искуство во јога. Древната наука за јогата актуелна е и денес, во нашиот современ начин на живот, исполнет со многу предизвици,со позитивни и негативни импликации врз општеството и врз животот на секоја индивидуа. Јогата е еден од практичните и достапни начини, методи и духовни системи каде што човекот низ својата практика и искуство сам ги открива одговорите.
После завршувањето на предавањето, следува разговор со тинејџери за јогата и младите. Овој разговор со младите волонтери на Црвениот крст ќе започне во 20 часот.












