Од полноќ е предизборен молк кој ќе трае до завршување на изборите во недела, 21 април во 19 часот. Во овој период забрането е секаков вид на политичка пропаганда и изборно агитирање. Согласно законот, тие се казниви дела.

Во Охрид покрај за претседателски, ќе се гласа и за избор на градоначалник, откако беа распишани вонредни локални избори поради смртта на проф. д-р Јован Стојаноски.

На единствениот избирачки список во Општина Охрид за избор на градоначалник се запишани 52.273 гласачи, а за претседател 52.193. Разликата е поради запишаните гласачи во дијаспората.

Во општина Охрид утре ќе се гласа на 88 избирачки места, а денеска своето право на глас ќе можат да го искористат 121 болно лице, едно лице во куќен притвор, 19 затвореници ќе гласаат за претседател на државата, а 7 за градоначалник, информира Општинска изборна комисија.

OhridNews