Во вторник, 8-ми мај, со почеток во 11 часот ќе се одржи десеттата седница на советот на општина Охрид.

Советниците ќе расправаат за Предлог-програма за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагање на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2018, предлог-одлуката за  давање согласност на одлуката за измена на статутот на ЈП „Градски гробишта“, како и за предлог-одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација,со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 697/3 КО Трпејца.

OhridNews