Советот на Општина Охрид следната недела, на 27 февруари, со почеток во 9 часот ќе ја одржи седмата седница.

На Дневен ред се 17 точки меѓу нив и предлог одлуката за започнување постапка за присоединување на ЈП„Градски пазар“ кон ЈП„Градски гробишта“, како и за започнување постапка за ликвидација на ЈП „Погребни услуги“ – Охрид.

Советниците ќе расправаат и за усвојување на детална Физибилити студијата со финансиска анализа за поставување на фотоволтаични централи во општина Охрид по пат на јавно приватно партнерство, предлог-развојна Програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2026-2028 година-Подпрограма ЈГЦ реализација на „Основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SKADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи“, измена и дополнување на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид 2026-2028…

OhridNews