По повод Новогодишните и Божиќните празници, во детската градинка “Јасна Ристеска“ во Охрид се организира приредба  на која настапија децата со неколку интересни точки и божиќни песнички. 

На прославата, како специјален гостин настапи Боби Мојсоски кој на најмладите обожаватели им ја честита Новата Година, им посака љубов, среќа, здравје и да им се остварат сите соништа и желби во наредната 2012. Приредбата заврши со песните “Среќна ли си ти“, “Громови на Душа“ испеани од страна на Боби Мојсоски, како и неговиот хит – Те краде тој.

OhridNews