Прославата по повод Нова година вчера оклолу пладне, ја започнаа најмладите кои неколку часа на централниот плоштад во Охрид се забавуваа со ѕвездичките од фестивалот “Рибарче“.

Ги посети лично Дедо Мраз кој се обиде да им подели пакетчиња на дечињата, но како што обично (за жал) бива кај нас, наместо дечињата за пакетче се “тепаа“ родителите, па така, некои дома си заминаа со по неколку пакетчиња, а други останаа со празни раце.

Сепак тоа не им пречеше на најмладите неколку часа убаво да се забавуваа низ музика и игра на плоштадот. Атмосверата беше одлична за што сведочат и фотографиите.


се бараше место повеќе за журка