Охриѓани и бројните гости кои одлучија новогодишните празници да ги прослават во Охрид, последните часови од годината која изминува одлучија да ги поминат во прошетка по охридската чаршија и кејот на езерото.

Понежниот пол, традиционално, или во кујна подготвувајќи сарми и свинско месо или пак во охридските бутици, во последен миг решавајќи го вечниот проблем на жената – што да се облече вечерва?

Полни беа и супермаркетите низ целиот град, во кои во редови се чекаше да се плати сметката за купените производи.

Раздвижено беше и во кафулињата, каде во опуштена атмосфера и ведро расположение со пијалок уште раните попладневни часови, неофицијално, започна прославата на Новата година. 

OhridNews