Градоначалникот на Охрид Александар Петрески  одржa прием за децата  од здруженијата на слепи и глуви лица од Охрид. На средбата децата добија новогодишни пакетчиња, а беше разговарано и за  проблемите со кои се соочува оваа категорија лица и начините како општината да помогне во нивно надминување.

Најголем проблем како што рекоа претседателите на здруженијата на слепи и глуви се недостатокот на финасиски средства и несоодветната инфрструктура, поради што голем број установи и институции сеуште им се недостапни на слепите и глуви лица.

Тардиционална предновогодишна средба со членството  одржа и Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа. На средбата локалната самоуправа, женската секција при ОК на ВМРО ДПМНЕ и црквата  Св. Еразмо на децата со посебни потреби им подарија новогодишни пакетчиња.

Во име на здружението благодарниост упати претседателот Наташа Чочегова која испрати и порака за здравје, среќа, подобар живот и поголема грижа за оваа категорија луѓе во новата година.