МВР соопшти дека е идентификувана одредена неправилност на веб порталот FACEBOOK, која овозможува крадење на личните податоци на корисниците на оваа мега популарна мрежа.

Имено се работи за „аплодирана“ апликација на порталот на facebook која всушност е spam што води до наменски направена копија на страната на логирање на facebook, на која што се прави PHISHING на податоците на корисникот односно ги краде Email адресата и пасвордот кои ги користи за логирање на својот профил на facebook.

Facebook порталот дозволува upload на различни апликации од страна на корисниците, така што искористуваќи ја таа можност аплодирана е апликација која работи како spam. Апликација најчесто се појавува во Notification функцијата на активниот профил на facebook. Односно со нејзино активирање од страна на корисникот се отвара копија на страната за логирање на facebook, која не е дел од facebook web страната и бара од корисникот повторно да ги внесе Email адресата и пасвордот кои ги користи за логирање на својот профил на facebook. Во тој случај доколку корисникот ги внесе бараните податоци на лажната страна за логирање на facebook истите се запишуваат на лажната страна за логирање на facebook и се достапни на креаторот на споменатата апликација, а потоа исто така се достапни за сите корисници на Интернет.

На овој начин голем број на Email адреси и пасворди на корисниците на facebook се направени достапни на интернет, кои понатаму постои можност да бидат злоупотребени односно искористени за пристап до mail box на емаил адресите и пристап до било кој профил на facebook, а со тоа пристап до личните податоци на корисникот на злоупотребената Email адреса.

Како функционира измамата (Phishing)

Корисникот кој има активирано facebook профил и дозволува на својот профил да биде активна спорната апликација, во Notification функцијата на профилот ќе се појави различна “слика“  која ја преставува одредена нотификација:

Со црвена боја е обележана лажната нотификација, додека пак со зелена боја е обележана правилната нотификација.

Доколку корисникот сака да ја погледне нотификацијата и ја стартува преку Hyperlink wall (обележан со сина боја) се стартува spam апликација и ја отвара лажната страна за логирање на facebook

Доколку се користи Browser кој навремено е надградуван (update) самиот Browser ќе идентификува spam. 

На сликата е прикажана лажната страна за логирање на Facebook, која може да се препознае само по дополнителните карактери во точната патека на страната за логирање на facebook, а која се забележува во Browser делот (обележано со црвено).

Исправната web страна за логирање на facebook.

Единицата за борба против компјутерски криминал сугерира  до сите корисници на facebook кои ја забележале оваа неправилност, а сепак ги оставиле Email адресата и пасвордот на лажната страна за логирање на facebook веднаш да направат промена на пасвордот на Email адресата и пасвордот за логирање на својот профил на web страната на facebook со што би се намалила можноста за злоупотреба на украдените податоци.

Ohridnews