Попладне, со почеток во 17 часот, во вилата Водно ќе почне лидерската средба со претседателите на најголемите партии во македонскиот Парламент, а на која домаќин ќе биде претседателот Стево Пендаровски.

Според најавите, тема на разговорите ќе бидат предвремени избори, кои вчера ги предложи премиерот Зоран Заев. Ќе се разговара и околу впечатоците по дводневниот Самит во Брисел и за реакциите што произлегоа по конечната одлука на лидерите на ЕУ.

Поканата на Пендаровски, како што и самиот најави на обраќањето до јавноста, прифатена е од сите партии.

OhridNews