Според информациите на СВР Охрид патничко возило „форд“ со велешки регистарски таблички удрило во пешакот В.К. (46) кој се обидувал да премине преку магистралниот пат. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.
На местото на настанот извршен е увид од страна на сообраќајната полиција, истражен судија и заменик јавен обвинител.