Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода што денес во 16 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Подмољје-Ќафасан непосредно после крстосницата за селото Мислешево.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се работи за 58-годишна стружанка, која им подлегнала на повредите во општата болница во Струга каде веднаш била пренесена.

Врз неа налетало патничко моторно возило марка „БМВ“ со струшки регистарски таблици управовувано од 41-годишно лице од Струга. Истиот, по барање на истражен судија е задржан во полициската станица од Струга каде земени му се крв и урина за понатамошна анализа.“ – информира Димоски.

Тешката сообраќајна незгода се случила во момент на невнимателно и непрописно преминување на коловозот од сега починатата стружанка, како и неприспособено управување, односно неприспособување на брзината на движење на возилото према состојбата на патот.  

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител од Струга како и полициски екипи од  полициската станица во Струга. За време на увидот, сообраќајот на магистралниот пат беше физички регулиран и пренасочуван по споредни патишта и улици.“ – додава Димоски.

Во текот на утрешниот ден, доктор на судска медицина врз телото на починатата ќе изврши обдукција.

OhridNews