Поднесена е кривична пријава против 49-годишно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во почетокот на декември стружанец нудел на продажба возило кое било во сопственост на лице од село Шум. Пријавениот му се јавил под друго име како купувач на возилото.

Со оштетниот се договориле да го купи возилото за 3500 евра, а како гаранција да му даде капар од 500 евра, додека останантите 3000 евра да му ги даде кога ќе потпишат договор за префрлување на сопственост на возилото.

OhridNews