Поради изведување работи на пат (минирање) од страна на ГП Илинден,денес 10.03.2017(петок) на патен правец А2 Кичево – Охрид после планински превој Пресека (кај с.Врбјани) сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути помеѓу 12.30 и 15.30 часот, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува преку градот Битола.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
OhridNews












