Подолг прекин во водоснабдувањето кај корисниците на дел од „Туристичка“ најавуваат од ЈП Водовод Охрид поради градежни работи.

Поради изведување на поголем градежен зафат, за потребите на корисниците од новиот комплекс згради на ул. „Туристичка” кај бензиската Лукоил, денес од 9 часот ќе има подолг прекин во водоснабдувањето на улицата “Туристичка”, на потегот од кружниот тек со ул. „Бистрица” до бензиската Лукоил, велат од претпријатието.

OhridNews