Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид поради настанати дефекти.

Поради два одделни дефекти настанати во раните утрински часови на улиците „Дејан Војвода“ (пукната цевка ф100 – салонит) и „Бистрица“ (пукната цевка ф150), денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Дејан Војвода“, „Бистрица“ и дел од „Туристичка“ , информираат од ЈП Водовод Охрид.

Додаваат дека екипи се на терен се до целосно завршување со санациите.