Поради приклучок на новоизградениот резервоар на главната водоводна мрежа денеска има прекин во водоснабдувањето во населено место Подмоље.

Како што информираа од Општина Дебрца, прекинот е од 8:00 часот утринава и ќе трае се до 16:00 часот, до поврзување на приклучокот, по што повторно ќе биде воспоставено водоснабдувањето.

 

OhridNews