Поради интервенција на водоводна линија на Ул. „Јане Сандански“, денеска (21.03.), ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица во периодот од 08.30 до 15 часот.

Прекин во водоснабдувањето ќе има и на улиците:Галичица, Ванчо Питошески, Никола Карев, 8-ми Септември, Карпош Војвода и Сирма Војвода, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.