Дефектот кој вчера остави без вода дел од централното градско подрачје, се уште не е саниран, а работите ќе продолжат и денеска, информира Јавното претпријатие Водовод Охрид.

Им се извинуваме на корисниците на водоснабдителниот систем од централното градско подрачје за вчерашниот долг прекин на водоснабдувањето. На санација на дефектот, екипи на ЈП Водовод Охрид работеа до раните утрински часови и поради комплексноста на проблемот работите ќе продолжат и денес се до целосно завршување на истиот, соопшти ЈП Водовод.

Од ЈП Водовод велат дека од почетокот на реконструкцијата на улицата „Абас Емин“, поради изведување на градежни работи секојдневно се соочуваат со оштетување на старата и дотраена водоводна линија.

Уште еднаш апелираме до сите корисници од ова подрачје, за разбирање и трпение, бидејќи и во иднина ќе имаме исти или слични проблеми се додека целосно не заврши реконструкцијата, односно не се промени старата водоводна линија в долж улицата „Абас Емин“.- објаснуваат од ЈП Водовод Охрид.

OhridNews
Фото: Архива