Промовирани можности за финансиска поддршка на постојни микро, мали и средни претпријатија со потенцијал за раст во рамки на проектот „ЕУ за економски развој“. Предвидено е отворање на аксцелератор во Охрид со цел поддршка на мали и средни стратап претпријатија, а партнер организација е Универзитетот „Свети Апостол Павле“.
Јован Гавриловски регионален советник за мали и среди претпријатија vo Југозападниот регион истакна дека проектот е започнат во февруари 2021 година кога е всушност направено скенирање на еко-системот во регионот, кои се тие чинители кои помагаат на малите и средни претпријатија, како и анализа на вредносните ланци.
За Југозападниот регион и Ресен направени се четири вредносни ланци, информатичка технологија, туризам, производство каде спаѓаат 23 индустриски гранки и плус за Ресен уште и за свежо и преработен овошје. Фокусот е работа со мали и средни стартап претпријатија со тоа што во секој регион ќе отвориме по еден акцелератор. Во Охрид имаме веќе назначено со која органзација ќе работиме, треба да се потпише договорот. Ништо нема да правиме сами туку преку веќе постоечки организации, истакна Гавриловски.
Претпријатијата кои ќе влезат во него имаат можност да добијат грант кој изнесува 80% од вкупната сума или максимално 50 илјади евра. Планирано е акцелераторот да започне со работа некаде околу септември октомври.
Устијана Речкоска Шикоска, проректор за Меѓународна соработка на УИНТ „Св. Апостол Павле“ истакна дека оваа соработата со ГИЗ се надоврзува како продолжување на искуството од претходниот реализиран проект „Интелегентен пограничен акцелератот за иновативни ИКТ старапи“ во соработка со Грција, како и долгогодишното искуство во делот на научно-истражувачка работа на Уницерзитетот.
Во периодот кој следува по официјално потпишување на документите, ќе се пристапи кон опремување на посебен простор во кој ќе се гради акцелераторот. Овој простор ќе ги задоволи највисоките стандарди од технички аспект, но и од аспект на ангажираност на човечки ресурси. Ние ќе формираме едно академско тело во кое ќе бидат вклучени професори, асистенти и секако наши студенти кои ќе циркулираат во акцелераторот, рече Речкоска Шикоска.
Истакна дека имаат одличен тим, локација, вистинска инфраструктура, бизнис партнери кои ќе дадат удел во развојот на акцелераторот. Истиот ќе ги поддржи стартапите во рана фаза и ќе ги поттикне претприемачите за развивање на „green/blue tecj“, преку едукација, менторство и понатамошно финансирање.
Од Консултанската фирма која ќе работи заедно со Универзитетот велат се надеваат на добра соработка, а проектот ќе придонесе за нови вработувања во регионов, младите да се ангажираат за да не заминуваат, да се фокусурираат тука и да излегуваат добри идеја и добри продукти што ќе се пласираат на Европскиот пазар или во Северна Америка, односно идејата да се продава на глобално ниво.
Предлог проектите можат да траат најдолго 18 месеци, висината на грантовите се движи од 50.000 до 300.000 евра, а сумата за која се аплицира ќе покрие од 20 од 50 проценти од вкупниот буџет на проектот.
За постарите претпријатија излезен е повик за грантовска програма. Грантовата шема е во висина од вкупно 4.5 милиони евра наменети за поддршка во привлекување на инвестиции, надградување на менаџерските, техничките и оперативните капацитети, подобрување на перформансите, зголемување на извозот и профитот, креирањето на нови работни места (особено за луѓе помлади од 40 години, жени и ранливи категории на граѓани). Сакаме грантот да биде фокусиран на зелена економија, претпријатија кои ќе овозможат поефтино производство, помало загадување преку подобра енергетска ефикасност, поттикнување на рециклирање. Фирмите може да прават комбинација од неколку модели, додава Гавриловски.
Со цел детално запознавање на заинтересираните претпријатија за аплицирање на овој повик, тимот на проектот „ЕУ за економски раст“ ќе организира информативни сесии во Југозападниот регион. На 15.04.2022, Дебар, Општина Дебар, 11 часот; 18.04.2022, Охрид, Општина Охрид, 10 часот; 18.04.2022, Струга, Сала на Советот на Општина Струга, 14 часот и 20.04.2022, Кичево, Китино Кале, 11 часот.
Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и германското Сојузно министерство за економија и енергетика, а спроведуван од страна на канцеларијата на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка во Скопје и Area Science Park од Италија.
Н.С.Ј.














