Нашите очекувањата се поттикнување на свеста и целосната интелектуална и духовна моќ како индивидуи и како општество. Целта е да дадеме нов импулс за развој на градот од тој културен аспект.“ – истакна претседателот на Комисијата за култура на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Велјаноски-Летра, на денешната трибина на тема „Заштита и промоција на културното наследство и културниот туризам во Охрид“.

Според Велјаноски, Комисијата за култура веќе неколку години работи на програмата за заштита и промоција на културното наследство и туризам во Охрид.

Двете комисии, а посебно Комисијата за култура веќе три години ја работи оваа програма. Тоа е еден обемен материјал кој е реално остварлив, реално одржилив и се надеваме дека со новата локална самоуправа и новиот градоначалник д-р Никола Бакрачески, тоа и ќе биде остварено.“ – додаде Велјаноски.

Претседателот на Комисијата за туризам при О.К. ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Бакрески, смета дека најпрвин треба да се изработи план за одржлив културен туризам, односно да се направат аналитички студии и анализи за искористеноста на културното наследство во Охрид.

Треба да се издиференцираат  главните туристички мотиви, да се одредат целни групи од аспект на културниот туризам. Потребни се заеднички дискусии со сите засегнати страни, сектор за туризам, сектор за култура, МПЦ, граѓански сектор и други. Амбасодорите на култура од РМ, ја претставуваат македонската култура во светот. Нивното  делување може да придонесе за промоција на културното наследство. Исто така, промоција на нашата култура се реализира и во македонските културни центри, како што се тие во Софија, Њујорк и во Цариград. Многу е важно да се  развие културен идентитет, по кој градот ќе биде препознатлив. “ – истакна Бакрески.

Катерина Ангелеска – Најдеска од ФТУ  Охрид, смета дека треба да се создадат рецептивни аранжмани, каде културното наследство ќе биде главен атрибут за привлекување на странските туристи.

Како претставник од најстарата високообразовна институција од областа на туризмот во државава, културниот туризам е  значаен за развој на целокупниот туризам во Охрид. Треба да се работи на подорбување на квалитетот на туристичката понуда. Независно дали станува збор за историски артефакти, културни настани, мора да се искористи се она што може да придонесе за збогатување и подобрување на квалитетот на понудата.“ – рече Ангелеска-Најдеска.

Раководителот на Народен театар – Охрид, Горан Стојаноски, изјави дека оваа установа последните две години нуди ексклузивно добар репертоар со квалитетни и класични содржини. Според него, за брзо време се очекува да се изгради театарска зграда која ќе биде заштитен знак на театарот во Охрид.

Кога туристите доаѓаат во Охрид, прво прашуваат што можеме да видиме и што има на репортоарот од театарот. За жал, пред 2 години не можевме да кажеме ништо, освен да ги прошетаме по градот. Не можевме да се пофалиме ниту со театар, а камоли со репертоар на театарот. Благодарение на Владата и разбирањето на луѓето со висок сензибилитет за развивање на културата, создадовме едно врзивно ткиво кое може да го сплоти народот.“ – потенцира Стојаноски.

Пред присутните се обрати и проф. Јане Бакрески од УИНТ „Св. Апостол Павле“, кој го потенцира примерот со 3Д реконстурикцијата на ранохристијанската базилика, како еден современ начин на промоција на културното наследство од Охрид.

Акцентот треба да биде ставен на менаџирање и промоција на културното наследство. Би споменал дека неодмана имавме еден прекрасен проект  во соработка со УИНТ и НУ Завод и Музеј, каде направивме 3Д реконструкција на ранохристијанска базилика. Ете еден пример како треба да пристапиме на еден современ начин со помош на новите технологии, да создадеме продукт кој ќе го промовира културното наследство.  И секако да не ја заборавиме  живата култура, затоа што во Охрид има голем број ликовни уметници. Треба да се даде поткрепа на творештвото на сите овие млади луѓе и на нивната креација.“ – рече Бакрески.

Директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали-Бунташеска, истакна дека во периодот од 2006-та до 2012-та година, оваа институција има изработено вкупно 165 проекти за заштита на недвижното културно наследство, односно 36 за движното. Изработен е и елаборат за ревалоризација на стариот дел на градот, врз основа на кој Охрид е прогласен за заштитена споменичка целина.

Во поглед на недвижното културно наследтво, конзериварани и реставирани се вкупно 9 христијански сакрални објекти,  над 300 метри квадратини богати мозаични подови, 11 објекти од профана архитектура(староградска и градска),  6 исламски објекти,  4 археолошки локалитети, како и повеќе метри квадратни од бедемските ѕидови од Самоиловата тврдина. Во поглед на движното културно наследство, конзервирани се 3935 монети, 544 предмети од метал, 5 предмети од стакло, 8 стари ракописи, 28 стрели од желзо, 2 оловни зрна, 38 предмети од бронза, 223 од бронза и сребро, 457 предмети од накит, 5 икони, 542 текстилно етнолошки предмети,  52 дрвени етнолошки предмети, 34 кубури, 161 керамички сад, 5 предмети од злато, како и  предмети од ритуално погребна маска од локалтитет Могилка, Делчево. Изработени се повеќе од 200 елаборати за валоризација и ревалоризација на поединечни заштитени споменици.“ – рече Паскали-Бунташеска.

Инаку, трибината се одржа во просториите на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, а беше во во организација на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

О.Т.