Манчестер Јунајтед, Челси и Астон Вила се екипите кои профитираа во финалната битка од англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ во директната пресметка со Лестер за пласман во ТОП 4 славеа со 2-0, а „сините“ од Лондон не погрешија и со 2-0 го решија Вулверхемптон. Лестер после поразот финишираше на петтата позиција, а во Лигата на Европа ќе им се придружи Тотенхем.

Најсреќна екипа во битката за опстанок беше Астон Вила. Фудбалерите од Вила Парк ремизираа со Вест Хем (1-1), но во нивни прилог отиде поразот на Ватфорд на Емирати од Арсенал (3-2).

Нов шампион во ПЛ е Ливерпул, а покрај Мен Ју и Челси во ЛШ патува Манчестер Сити. Со денешната 38-та рунда се спушти завесата во ПЛ. Следната сезона стартува на 12 септември.

Резултати:

Арсенал – Ватфорд 3-2

Барнли – Брајтон 1-2

Челси – Вулверхемптон 2-0

Кристал Палас – Тотенхем 1-1

Евертон – Бурнмаут 1-3

Лестер – Мен Ју 0-1

Мен Сити – Норвич 5-0

Њукасл – Ливерпул 1-3

Саутемптон – Шефилд Јунајтед 3-1

Вест Хем – Астон Вила 1-1

OhridNews