Британската амбасада во Скопје покани пријатели од филмската индустрија, културната дејност и бизнис секторот од Обединетото Кралство и Северна Македонија на премиерата на 25. филм за Џемс Бонд #NoTimeToDie.
Брендот Џемс Бонд е стожер на британската филмска индустрија. „Не е време да се умре“ го држи и рекордот на најдолг филм за Бонд, со времетраење од дури два часа и 43 минути.


КОВИД-19 имаше значително економско и социјално влијание врз културниот и креативниот сектор во светски рамки. Поддржете ги со тоа што ќе го гледате одличниот филм No Time To Die #007 во кино салите во С. Македонија. – порачаа од Британската амбасада во Скопје.
OhridNews














