Премиерно претставата „Дух“ од Дејан Дукоски пред охридската публика ќе биде одиграна во сабота на 02.10, со почеток во 20:00 часот во мала сала.


Претставата е во режија на Сашо Миленковски, а во изведба на Горан Стојаноски, Јовица Михајловски, Верица Недеска, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Адријана Билаловиќ Тодороска, Елизабета Стефановска, Павел Маслов, Филип Кипровски, Митко Серафимоски.

Репризата пак на претставата е закажана за во недела на 03.10, со почеток во 20:00 часот во мала сала.
Картите по цена од 250 денари ќе бидат пуштени во продажба од утре четврток на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Претставата ќе биде одиграна согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.

OhridNews