Во Центарот за култура „Григор Прличев“, вечерва, премиерно ќе биде изведена претставата „Перфектни странци“, која ја подготвија ученици од охридската гимназија под водство на професорката по македонски јазик Ирена Бачиќ.

„Перфектни странци“ обработува актуеелна тема на зависност на луѓето, особено младите, од мобилните телефони и модерната технологоија. Пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи… и на тој начин ги откриваат личните тајни, отвoрaјќи болни конфликтни ситуации. Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себе- претставување. Сѐ во име на вистината. По соочување со вистината, следи судир со пост вистината, состојба во која фактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања….

Претставата почнува во 20 часот.

Влез: 100 ден.