Единаесеттото издание на аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар 2026“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира од 10 до 13 јуни 2026 година.

Ве очекуваме на театарско уживање заедно со нашите пријатели од организациите на Црвен крст од Суботица, Ужице и Крагујевац, Р. Србија и Црвен крст Бар, Црна Гора, велат од Црвен крст Охрид.
Влезот за сите претстави е бесплатен.
OhridNews












