Македонскиот премиер, Никола Груевски оствари средба со играчите и членовите на стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Македонија, кои остварија историски успех на Европското првенство.


На средбата соговорниците разменија мислења и впечатоци за текот на Европското првенство во кошарка и за позитивната атмосфера во Македонија која беше создадена како резултат на спортскиот успех, се вели во соопштението на владината прес служба.

 

Честитајќи им го големиот спортски триумф, премиерот Груевски ја истакнал мудрата, пожртвувана и храбра игра на нашите кошаркари, како пример за исклучителен подвиг со кој се гордее целата нација. 

Ohridnews