Премиерот Никола Груевски не ја прифати оставката на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој по бродската несреќа на Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи од морални причини најави повлекување од функцијата.

Заради морална одговорност поради несреќата во Охридското Езеро, телефонски го известив премирот Никола Груевски дека поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и врски. Од информациите што ги добив од капетанијата, се потврдува дека бродот имал дозвола за пловење до 22 мај 2010 година. Бродот бил регистриран за 43 патници. Но, за жал бродот превезувал многу луѓе од она што било предвидено– изјави Јанакиески неколку часа по трагичниот настан кај Елешец.

Премиерот по пет дена се огласи од Кина и не ја прифати оставката на Јанакиевски за несреќата во Охрид. Одлуката, како што е соопштено ја донел врз основа на анализите од несреќата, препораките од експертите и сугестиите од пратеничката група.

Зад Јанакиески претходно застана и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ според која не постоела директна одговорност кај министерот за транспорт за несреќата во Охридското Езеро во која животот го загубија 15 бугарски државјани.

На владината прес конференција, вчера, Јанакиески и останатите министри одбија да одговорат на новинарските прашања поврзани со големата несреќа.

Ohridnews