Пренасочувањето на коритото на Грашница за едни вистинско решение, за други апсурдна грешка
23.09.11 08:00
Идејата за пренасочување на реката Грашница, која е меѓу најголемите загадувачи на Охридското Езеро, во реката Коселска – Далјан, ја подели стручната јавност.
Дел од неа смета дека оваа река треба да се пренасочи во Далјан каде би се изградила пречистителна станица. Оваа идеја како што пишуваше OhridNews во неколку наврати потекнува уште од минатиот век, а изготвен е и проект кој го поседуваат стручните служби на МЈП „Проаква“.
Пренасочувањето на долниот тек на Грашница, е предвидено уште со Генералниот урбанистички план – ГУП за Охрид од далечната 1973 година, а реализацијата на овој проект е предвидена и со ГУП од 2006 година. Според параметрите од планот изготвен во 1985 година, за дислокација на коритото на Грашница се потребни околу 6,5 милиони евра.
Оваа идеја има свои поддржувачи и денес. Агрономот Лазо Наумоски смета дека единствено решение да се запре загадувањето на Охридското Езеро со отпадни води кои ги носи Грашница, е пренасочување на реката.
– Проектот за пренаосчување на реката Грашница во реката Далјан е најприфатлив еколошки потфат за решавање на повеќегодишната голгота на самата река и неизвесност во развојот на езерскиот туризам на граѓаните од населбите Воска, Дрвара , Кошишта и дел од Стариот град, смета Наумоски. Според него со пренасочувањето на реката Грашница во Далјан и изградба на пречистителна станица на Коселска река ќе овозможи крајниот тек на водата од двете реки еколошки потполно чиста да се влива во водите на Охридското Езеро.
Ваквите тврдења според други експерти не држат. Противниците на идејата сметаат дека таа е апсурдна и не го решава проблемот со загадување.
– Никаде во светот реките не ги пренасочуваат, тоа не е вистинско решение, евентуално во тој случај загадувањето тогаш само ќе се се префрли од едно на друго место во езерото. Наједноставно и најпросто е да се стопира загадувањето, затоа што сите наши реки на изворите се чисти и имаат вода од прва класа, која е за пиење, додека после населбите доаѓа до загадување заради испуштање отпадни води во нив, што влијае на живиот свет во литоралниот дел на езерото, вели Ленче Локоска од Хидробиолошкиот институт.
Грашница минува низ населени места каде голем дел од објектите сеуште не се поврзани на канализационата мрежа и колекторскиот систем, а во неа, особено во минатото, се насочуваа и отпадни води од производствените погони што исто така придонесе за загадување на реката.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.