Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 август и се празнува празникот Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј.
Главниот празник на апостол Вартоломеј е на 11 јуни (јулијански календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Липарските острови во Бенвенет во деветтиот век. Инаку, апостолот пострада маченички во ерменскиот град Албанопол, каде беше и закопан од албанополските христијани. Подоцна, поради чудата што се случуваа на местото каде што се наоѓаа неговите мошти, незнабошците го извадија ковчегот од земјата и го фрлија в море. Но, ковчегот не потона, туку по морето доплови до Липарските острови.
А Липарскиот епископ Агатон во едно откровение дозна за ова, ги зеде моштите на апостолот и ги смести во црквата посветена на св. апостол Вартоломеј. А кога во деветтиот век муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на свети Вартоломеј беа пренесени во Бенвенет.
Екипата на Охрид овогодинешниот ЕХФ Европски Куп го започнува со двомеч против екипата на Спор Тото СК од Турција Двата натпревари ќе се одиграат во „Билјанини извори“ на 23ти и 24ти октомври, со п...
Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста и верноста Но кога слушна ц...
Претежно сончево Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Во Охрид времето денес сончево со слаб ветер од северен правец Максималната температура ќе достигне до 20 степени Од среда поплад...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.