Пренос на моштите на Свети Никифор, патријарх Цариградски
26.03.26 09:12
Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го изобличи. За ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис.
На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го беше изградил во чест на Св. Теодор. Таму овој исповедник на православната вера помина тринаесет години, а потоа се упокои во Господ во 827 година. Кога изгинаа сите цареви иконоборци и на царскиот престол седна Михаил со мајка му Теодора, а на патријаршискиот беше вратен патријархот Методиј, тогаш (846 година) моштите на Свети Никифор ги пренесоа од Проконис во Цариград и прво ги положија во црквата Света Софија од која беше прогонет за време на животот, а потоа во црквата на Светите апостоли. Главното празнување на овој јерарх е на 2 јуни, а на 13 март се празнува откривањето и преносот на неговите нетлени мошти. Свети Никифор е прогонет од Цариград на 13 март, а по деветнаесет години на истиот датум во престолнината ги донесоа неговите Свети мошти.
Тропар
Велик Никифоре, пастиру на стадото Христово, денес Црквата глас кон Бога за тебе подигнува, денес Господ блгоизволи чест на твоите свети мошти да подари, од рацете на твојот ученик Методиј патријархот, со радосно срце на Теодора света, телото твое во слава Божја на верните се предава, за сведоштво на животот вечен, за спасение, од гревовите простување на оние кои го празнуваат твојот чесен спомен.
Од денес до 27-ми октомври е отворена за посетители изложбата „Стари балкански фотографии“ преку соработка на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид и Државен архив на Република Македонија Изл...
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлу...
Продолжува опаѓањето на нивото на Охридско Езеро Според неделната анализа на Управата за хидрометеоролошки работи водостојот три дена по ред е на кота од 69315 мнв што е за 5 сантиметри над дозволе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.