На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. Па бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабожците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј. Но по Божја Промисла ковчезите не потонаа, туку носени од водата допливаа, и тоа: Акакиевиот во градот Аскалус, Григориевиот во Калабрија, Лукијановиот во Месин, Папијановиот на друга страна во Сицилија, а Вартоломеевиот на Липарските острови. Липарскиот епископ Агатон во некое таинствено откровение дозна за приближувањето на моштите на Свети Вартоломеј до островите. Во таа прилика од моштите на апостолот се случија многубројни исцеленија на болни. Агатон со клирот и народот излегоа на брегот и го дочекаа ковчегот со голема радост. Моштите беа положени во црквата на Свети Вартоломеј и лежеа овде до времето на Теофил Иконоборец (околу 839 година), па бидејќи тогаш муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на апостолот беа пренесени во градот Беневет. Така Господ го прослави Својот апостол со чуда и за време на животот и после смртта.
Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com
Поврзани вести
05.06.26 09:16
Денеска е Преподобен Михаил СинадскиВо црквата името преподобни обично го носат монаси што станале преподобни на Христа во неговата љубов и смирението Овој денешен светител е еден од тие монаси Патријархот Тарасиј ќе го забележи живо...
04.06.26 09:08
Св. Јон ВладимирДенеска се одбележува споменот на Свети Јован Владимир, кој на денешен ден во 1016 год подмолно бил убиен, а подоцна и прогласен за светител од страна на Охридската Архиепископија… А кој бил СвЈова...
03.06.26 09:10
Свети Константин и ЕленаСвети Константин и Елена црквата ги прогласила за светци и рамноапостолни Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година и е син на висок римски старешина По смртта на татко му во 306 година с...










