Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 април и се слави споменот на Преподобен Тит Чудотворец.
Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет. Заради ова го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“. Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив столб на Божјата Црква. Заради неговото големо смирение и чистота, Бог му даде дар на чудотворство и за време на животот и по смртта. А кога се пресели кај Господ, остави многубројни ученици зад себе. Се престави во 9 век.
Тропар
Небесата сведочат за твоите подвизи, преподобен оче наш Тите, земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици, кои по делата на верата твоја поитаа пред пастирските нозе твои, моли се за нас, исповедниче на Православието, моли се, чудотворче, и биди пред Христа застапник за нашето спасение.
Продолжува опаѓањето на нивото на Охридско Езеро Според неделната анализа на Управата за хидрометеоролошки работи водостојот три дена по ред е на кота од 69315 мнв што е за 5 сантиметри над дозволе...
Денес (19102026), со почеток во 17:00 часот, ќе бидат извлечени главните награди од хуманитарната и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ Во извлекувањето ќе учеству...
Два златни, еден сребрен и пет бронзени медали освоија членовите на охридскиот клуб „Хваранг Фист“ во третото коло од Македонската теквондо лига во олимписко теквондо кое се одржа викендов во Скопј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.